Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Каменско - Охрид (12.10.2005)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, по повод успението на Светиот Јован Богослов, во неделата, на 9 октомври 2005 г., со бројни свештенослужители од епархијата и во присуство на голем број верни, во црквата на Пресвета Богородица во Каменско крај Охрид, отслужи Божествена Литургија.

На Божествената Литургија Владиката Тимотеј во свештенички чин го ракоположи досегашниот епархиски ѓакон Сашо Ристовски од Охрид. На новоракоположеноит свештеник, молитвено му пожелуваме свештеничката служба да ја извршува совесно и самопрегорно. На присутниот верен народ Владиката Тимотеј му се обрати со празнично слово.