Vesti i nastani
 
 
 
 
 

По повод 1100-годишнината од изградбата на манастирот на Св. Наум во Охрид (19.10.2005)

 

 

Во чест на 1100–годишнината од изградбата на манастирот на Свети Наум Охридски во Охрид на 20 октомври 2005 ќе биде отворен Меѓународниот научен собир „Свети Наум Охридски – живот и дело“. Организатори на собирот се Македонската Православна Црква, скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, Комисијата за односи со верските заедници при Владата на Р. Македонија и МАНУ. На 20 октомври во утринските часови пред почетокот на отворањето на собирот во манастирската црква ќе биде отслужена Архиерејска Божествена Литургија. Покровител на овој научен собир е премиерот на Владата на Република Македонија, г-динот Владо Бучковски. Собирот ќе се одржи во просториите на манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски.

 

 

 

 

П Р О Г Р А М А

 

20 - 22 октомври 2005 г.

 

Д-р Евгени Верешчагин, РАН, Москва

Житието на св. Наум Охридски во

раскажувањето на св. Никодим

Светогорец

 

 

Акад. Петар Илиевски, МАНУ:

Поетот на канонот моужествоу

тезоименитъ и псевдонимот Черноризецъ

Храбъръ

 

 Д-р Георги Попов, Богословски факултет,

Софија:

Св. Наум Охридски како химнописец

 

Епископ Методиј, МПЦ:

Св. Наумовиот универзитет како

парадигма

 

Д-р Емилија Црвенковска, Филолошки

факултет „Блаже Конески“, Скопје

Химнографското творештво на

св. Климент и св. Наум Охридски