Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Меѓународен научен собир во Охрид (21.10.2005)

 

Архиерејска Божествена Литургија пред почетокот на Меѓународниот научен собир „Свети Наум Охридски – живот и дело“ во црквата на манастирот чија 1100 годишнина од изградбата оваа година во Охрид се прославува, на 20 октомври отслужи Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, и повеќемина свештенослужители.

 

 

       

 

  

Собирот го отворија Премиерот на Република Македонија, г-динот Владо Бучковски, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и ректорот на скопскиот Универзитет д-р Ѓорѓи Мартиновски. Овој собир во чест на големиот светител и трудбеник во ширењето на Христовото Евангелие на мајчиниот јазикот на верниот народ по словенските земји, Свети Наум Охридски, го поздравија ректорот на софискиот Универзитет, ректорот на белградскиот Универзитет и голем број значајни јавни личности.