Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Претседателот на Комисијата на Бискупската Конференција при Европската Унија, д-р Јозеф Хомајер, во посета на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан (25.10.2005)

 

На 23 октомври 2005 година Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан се сретна со Неговата Екселенција, д-р Јозеф Хомајер, Претседател на Комисијата на Бискупската Конференција при Европската Унија, придружуван од Неговата Екселенција, г. Киро Стојанов, бискуп скопски.

За време на средбата бискупот Јозеф Хомајер беше запознаен со состојбите во Македонската Православна Црква, како и за односите на МПЦ со Католичката црква и со другите верски заедници во Македонија. Разговорот помина во духот на евангелска љубов и разбирање.