Архиерејска Божествена Литургија во Дебар (28.10.2005)
„Како река надојдена од Сион, славна Параскево, со Божествени струи ги напојуваш верните, повикувајќи: ’на Господа Му пеам песна нова’.
„На гората на Божествените добротетели се искачи, Параскево, и во облак од виденија влегувајќи, со Бога се гледаше лице в лице, словесните таблички на законот благодатен примајќи ги.“
Во црквата на Преподобна Параскева (Света Петка) во Дебар во чест на нејзиниот свет спомен Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Дебарско-кичевски и Плaошки г. Тимотеј со свештеномонасите од манастирот Бигорски и намесникот на дебарското архиерејско намесништво о.Благоја Спиркоски. На Литургијата заедно со притекнатиот верен народ присуствуваа и монахињите од манастирот на Светиот великомаченик Георгиј во Рајчица.
„Ликувајќи, мајко, на небесата, и на Женикот твој претстоејќи Му сега, со ангелите, Пророците, и со апостолите и преподобните жени, за нас моли се.“
„Испроси, Парасекво, славна невесто Христова, да им даде проштевање на гревовите на верните што те прославуваат.“
„Со реките на твоите медоточни зборови, Параскево, душите на луѓето ги исполнуваш со веселие Божествено, на оние што Го восфалуваат со песни Бога препрославениот.“