Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат двобројот на православното списание „Премин“, № 29 - 30 (28.10.2005)


Најновиот број на списанието „Премин” (29/30) донесува:

 

ИСУС ХРИСТОС ПОБЕДУВА: смислата на празникот КРСТОВДЕН и значењето на почитувањето на Чесниот Крст Христов


Воведник

ЦИВИЛИЗАЦИЈА И СВЕТОСТ, монахиња Макрина:

„Пред лицето на Живиот Бог историјата е една, неповторлива и таква каква што е. Мерењето на времето пред и после  Христа, значи дека Он е почетокот и крајот на сѐ, и дека без Христа нема историја.

Ова не важи само за христијанството, туку за сиот свет, бидејќи не е важно како ние луѓето ќе Го наречеме Оној Кој за Себеси рекол: Јас Сум Оној Кој Е, та само во границите на тој идентитет можеме да го бараме и сопствениот.”


со купувањето на овој број на „Премин“ ја помагате изградбата на соборната црква на Успението на Пресвета Богородица во Струмица

 

КОМЕНТАРИ De bello Balcanico, или: како гледаат на спорот МПЦ-СПЦ

д-р Ѓорѓи Марјановиќ, Тито Петковски, Бранко Тричковски и Катерина Блажевска

 

Барајте го најпрво Царството Небесно interview со Струмичкиот Митрополит г. Наум

SEEK FIRST THE HEAVENLY KINGDOM

„Едно е интелектуален или опитен ум, а друго ‘просветлен’. Без умносрдечна молитва нема просветленост на умот. Монасите без тој дар и може да функционираат додека се во благословот на послушанието на духовен отец, особено на оној кој е носител на дарот на умносрдечната молитва, но не и надвор од тој благослов. Задача на духовниот отец којшто го има дарот на умносрдечната молитва е да остави свои наследници носители на истиот дар...”

  

 

Од добротворниот концерт на Мизар за изградбата на соборната црква на Успението на Пресвета Богородица во Струмица

 

Образување на умот,

Владика Методиј:

 

„Сетилата се порти, низ кои во нас влегуваат разнообразни информации и сензации. Преку нив човекот комуницира и го спознава светот околу себе, но со нивна помош се спознава и самиот себеси.”

 

„За да ја извршува функцијата на добар чувар, „За да ја извршува функцијата на добар чувар, домаќин и господар на сетилата, умот и самиот мора да биде очистен и просветлен... Тоа значи, пред сѐ стекнување навика да внимаваме што прават и што бараат нашите сетила. ... Ако умот ги нема критериумот и силата да одговори со благоразумна селективност на надворешните влијанија, ако не стане буден стражар пред портите на човековата душа, тогаш ова ќе резултира со нарушување на духовното здравје и интелектуалните способности...“

 

 И уште:

„Науката од природата ги изгонила само лажнитете богови, а не Живиот и вистински Бог. Науката само го израмнила патот на благочестивата вера. Науката го очистила храмот на природата од идолите, и во тој храм се вселил Оној, Кој е достоен за тој храм. Науката ги расветлила морските длабочини и височините на вселената, и ја растерала подземната темнина - од светлината на науката исчезнаа сите псевдо-богови, сите креатури големи и мали со кои човечката фантазија го беше наполнила овој свет - но од светлината на науката не потемне, туку уште посилно заблеска вистинскиот Творец на природата - единствениот вистински Бог.

 

Горан Величковски: ДОБРОНАМЕРНИ ПРАШАЊА

 

„Секоја недела одам во драчевската црква Св. Спас. Драчево е скопска населба, има над 30.000 граѓани, а во Божјиот ден недела, на литургија не доаѓаат повеќе од педесетина луѓе. Дел од нив се во кратка посета за палење свеќа и по пет минути си заминуваат. Во проценти, помалку од 0, 2 од сто се во Храмот. Дали ова треба да нѐ загрижи?”

 

 

Митрополит Пергамски Јован Д. Зизјулас: „Заедницата и инаквоста во паднатата состојба”

„Суштината на гревот е стравот од Другиот, а стравот е една од причините на тоа отфрлање.

Помирувањето со Бога е незаобиколен предуслов за помирување со секој „друг” (човек).”

  

Јанко Илковски: ДВА ПРОЦЕНТИ 

„Почетокот на 60-те е време на големо отрезнување на младите во западната цивилизација и на нејзино масовно трагање по изгубените вредности. ...Време во кое тинејџерите заради своите испади и истапи, што им прилегаат на годините, завршуваа во ментални институции, затворани, под тортура, медикаменти и перење мозок, а испраќани беа таму од сопствените родители.

...Американците, малку послободоумни во тоа време, беа меѓу првите бунтовници, без или со причина, тоа беше првата генерација која престана да верува во повоените приказни за златното доба на земјата и во лигавите холивудски замајувања на умот. Младата генерација ја сфати хипокризијата на своите родители кои ја задолжуваа земјата сѐ повеќе и ја фрлаа во воена атомска трка со очигледно сценарио за нуклеарен холокауст.

...Панична беше реакцијата на естаблишментот кој не можеше да најде начин и форма како да излезе на крај со едно движење кое немаше организациона структура и хиерархија, кое немаше статут, програма, ниту правила за зачленување, а беше милионски масовно прифатено. Време на мир и љубов меѓу нив или трагањето по нив, нешто што е сосема нормално за човечката природа.“ 

 
Како гледаат Муслиманите на постот

Исмаил Бардхи
  

Plaku Sofroni  - PËR SHPIRTIN DHE JETËN 

72.

Kur e shikojmë Krishtin ashtu siç Është, fillojmë të shihemi vetë, të vetëdijësohemi sa mëkatarë të mëdhej dhe të mjerë jemi dhe të qajmë në vetvete. Dashuria për të gjithë botën lind sipas masave të qarrjes sonë. Ndalojnë ndarjet! Te gjithë jemi një tek Krishti!

73.

Vetëm kur do të na ndriçojë drita e Krishtit mund t'i shikojmë mëkatet tona. Nëpërmjet lutjeve zemra jonë fillon dalngadalë t'i përfshijë veprimet e shpirtrave që e mbushin botën. Në vend që të përparojmë, i shikojmë gjithnjë e me më shumë qartësi pasionet që na rrëmbejnë. Në mënyrë paradoksale, kjo ndjenjë e mospërparimit është përparim. Edhe pse akoma nuk e kemi parë Dritën e pakrijueshme të Zotit, nëpërmjet saj i shikojmë mëkatet tona.   

Старец Софрониј: ДУХОВНИ ПОГЛАВЈА

72.

Кога Го гледаме Христа Каков што Е, почнуваме да се гледаме самите себеси, да се освестуваме колку големи и бедни грешници сме, и да заплачеме за себеси. Љубовта за целиот свет се раѓа според мерата на нашиот плач. Престануваат поделбите! Сите сме едно во Христа!

73.

Само кога ќе нѐ просветли светлоста Христова, можеме да ги согледаме нашите гревови. Преку молитвата срцето почнува лека-полека да ги опфаќа дејствувањата на духовите што го исполнуваат светот. Наместо да напредуваме, ги гледаме со сѐ поголема јаснотија страстите што нѐ обземаат. На парадоксален начин ова чувство на ненапредување е напредок. Макар и сѐ уште да не сме ја виделе нессоздадената Светлина Божја, низ неа ги гледаме нашите гревови.

 

Мали житија 

за периодот од Крстовден до Соборот на Св. архангел Михаил

 

повеќе за списанието „Премин“ на линкот: http://mpc.org.mk/Knizarnica/premin.asp