Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Кнежино (31.10.2005)

Вчера, на денот на Светиот пророк Осија, Митрополитот Дебраско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј ја освети црквата на Светиот великомаченик Димитриј во с. Кнежино. Селото Кнежино се наоѓа северозападно од Кичево и во него денес живеат околу триесет семејства. Црквата на Светиот великомаченик Димитриј била изградена во 1911 година, а оваа година жителите на ова село со својот црковен одбор целосно го реновираа својот верски храм со нов престол во олтарот, реставриран фрескопис во олтарот, нова трпезарија, како и нова покривна конструкција и мермерен под.

На оваа свеченост присуствуваа сите Кнежичани, но и многу верни од Кичево и околината. Владиката на Светата Литургија на присутниот верен народ му се обрати со празнично слово. После Литургијата беше послужена трпеза.