Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Плаошкиот манастир (01.11.2005)

 

Денес, кога Црквата Божја го слави споменот на Преподобните отци Прохор Пчински и Јован Рилски, во Плаошкиот манастир на Свети Климент Охридски и Свети великомаченик Пантелејмон во Охрид беше отслужена Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки и администратор Повардарски г. Тимотеј во сослужение на повеќе свештенослужители од епархијата. На Светата Литургија Владиката со празнично слово се обрати до собраниот верен народ, а потоа изврши благословување и прекршување на празничниот леб.