Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Македонската Православна црковна општина во Загреб (06.11.2005)

 

Продолжувајќи ја традицијата започната 1995 г., верниците на Македонската Православна црковна општина во Загреб и од околината и оваа година со страв Божји и усрдна љубов го прославија денот на својата претстателка, Светата великомаченичка Злата Мегленска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во склопот на празнувањата на светителката-патрон, на 22 октомври беше одржана духовна академија во присуство на неколку стотини македонски верници и гости, претставници на хрватски и македонски, државни и верски институци, на сите македонски асоцијации, многубројни бизнисмени и сите македонски фирми во Р. Хрватска. Со поздравен збор на присутните им се

 

 

обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, г. Махи Несими, претседателката на црковната општина, г-ѓата Стојанка Тежак, и парохискиот свештеник, о. Кирко Велински. Во поздравното обраќање г-ѓата Тежак ги нагласи клучните моменти за почетоците на оваа црковна општина и во нејзиниот развој, сѐ до желбата да се изгради свој храм, а парохискиот свештеник им упати на присутните вдахновени пораки за љубовта којашто треба да ја даваме и примаме во Христа Господа, за нашите молитви за изгубените овци, и за нивното враќање во стадото.

Македонското културно друштво „Кочо Рацин” од Пула со изведбата на македонските народни песни и ора ја збогати програмата на оваа свеченост.

 

 

 

  

 

 

 

На 25 октомври, денот кога Црквата Божја го слави споменот на Светата великомаченичка Злата Мегленска, во присуство на верниот народ беше отслужена празнична Вечерна и беше благословен славски колач. Исто така беше осветена и иконата на Света Злата Мегленска, изработена во македонската школа за иконопис во манастирот на Пресвета Богородица Елеуса, во Велјуса, донација на бизнисменот Ѓорѓи Трајков.