Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение во чест на Свети Григориј Палама (27.11.2005)

На денот кога Црквата Божја го слави споменот на Светиот апостол Филип, благоверниот цар Јустинијан, како и големиот учител на исихастите Светиот Григориј Палама, во женскиот манастир во Рајчица, во параклисот посветен на Преподобните Григориј Палама, Нектариј Битолски и Јован Кукузел, сеноќно бдение отслужи игуменот на манастирот, архимандритот Партениј со свештеномонасите од манастирот на Свети Јован Крстител - Бигорски. Параклисот беше претесен за да ги прими сите верни кои од ширум Македонија притекнаа на овој празник. Празничното бдение во чест на Светиот Григориј Палама заврши со Божествена Литургија малку пред изгрејсонцето, после што беше послужена трпеза на љубовта.