Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Охрид: Архиерејска Божествена Литургија во црквата на Пресвета Богородица - Каменско (06.12.2005)

24-та недела по Педесетница оваа година се совпадна со празнувањето на празникот Влегување на Пресвета Богородица во храмот, а во исто време и прва седмица по Божикниот пост. Затоа храмовите во Дебарско-кичевската епархија беа преисполнети со верници, кои присуствуваа на светите Литургии за да се причестат со светите Тајни на нашиот Господ Христос.

              

Владиката на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј со свештенослужители од епархијата и од Повардарската епархија, празнично го прослави овој Богородичен празник во црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид, кадешто отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Иако оваа црква е посветена на Успението на Пресвета Богородица, сепак таа беше преполна со голем број верни кои практикувајќи го постот наложен од Светата Црква, со покајание и исповед поитаа да се причестат со Светите Тајни.

 

 

       

 

На присутниот верен народ со празнично поучително слово се обрати Владиката Тимотеј, објаснувајќи го значењето на празнувањата во Православната Црква и конкретно говорејќи за настанот кој го прославуваме - влегувањето на тригодишната Марија - Богородица во храмот и во Светињата на светиите. Од неговата рака на верниот народ му беа поделени светите Тајни: Чесното Тело и Пречистата Крв на Господ Исус Христос.

 

известува: свештеник Игор Никовски