Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Македонија доби статус кандидат за ЕУ (19.12.2005)

 



 

На 17 декември 2005 г. европските лидери на средбата на врвот во Брисел одлучија да ѝ доделат на Македонија статус кандидат за членство во Европската Унија. Европските лидери во заклучоците усвоени на крајот од дводневниот Самит на ЕУ го поздравуваат „значајниот прогрес” на Македонија во исполнувањето на политичките и економските критериуми за членство во Унијата, но посочуваат дека пред земјата стои уште многу работа за исполнување на европските стандарди.

Во завршниот документ се поздравува позитивното мислење на Европската Комисија за македонската кандидатура, а Македонија се повикува да го продожли напредокот во реформите со цел да ги исполни условите за членство поставени од Комисијата...

Позитивната одлука на европските лидери на прес-конференцијата во Брисел по завршувањето на Самитот ја потврди британскиот премиер Тони Блер, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

“Визијата на ЕУ е обединета Европа. Македонија е дел од таа визија”, рече Блер.

 информација преземена од Телевизија „Канал 5“:

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=8661&mid=1500&tabId=1&tabindex=0