Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение во чест на Свети Нектариј Битолски во Рајчица (20.12.2005)

 

 

 

 

   

Во саботата, на 17 декември 2005 г., на празникот посветен на Светата великомаченичка Варвара, во параклисот на манастирот Св. Георгиј Победоносец во Рајчица, Игуменот на Бигорскиот манастир архимандрит Партениј со дел од братството, сестринството и верниците кои притекнаа во оваа обител, отслужи Света Литургија во чест на оваа Божја угодничка, а воедно се прослави и именденот на сестра Варвара.

Истата вечер, се отслужи и сеноќно бдение, во чест на Свети Нектариј Битолски, на кого е посветен параклисот во овој манастир.

 

 

 

 

                        

  

„Ние монасите те почитуваме како учител, оче наш Нектарие. Преку тебе научивме да одиме по вистинскиот пат. Блажен си, зашто му служеше на Христа, победувајки ја силата на демоните. Ти си собеседник на ангелите и сожител на праведниците и светителите; заедно со нив, моли го нашиот Господ да ги спаси нашите души.“

 

„Како дрво што вечно дава плодови на праведност, си процветал обилно сред потоци од солзи богоносен Нектарие. Сите заедно достојно да те прославиме, цвету на подвижинците и преку твоите молитви сите да се спасиме.“

 

 

                             

 

 

 

                       

 

“Хор од отци во Битола и на Атос, на небото и на земјата денес приредуваат празник во спомен на Нектариј: на небесата во престолнината на првенците, а на земјата во Битола, неговата родна престолнина и во Кареја, во престолнината на монасите, во кои тој припаѓаше по тело. Ние на земјата заедно со оние што гледаат со духот весело воскликнуваме и велиме: Божја војско, богоизбрани војници во војската Господова, многусветлосни ѕвезди на мислениот столб, неразорливи кули на таинствениот Сион, многумирисни цвеќиња на рајот, доблесници на Битола и на Атос, украс сте на свештениците и монасите, сесрдно молете се за нашите души.“