Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во чест на Свети Никола (20.12.2005)

 

Вчера, на денот на Светиот отец наш Николај архиепископ Мирликиски Чудотворец, кого со особена љубов го празнуваат верните ширум светот, во храмот посветен на овој Светител во Охрид, кој уште се нарекува и Геракомија, Неговото Високопреосвесштенство г.Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки, отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Со него служеа и Неговото Високопреподобие Архимандритот Партениј, архиерејскиот намесник на гевгелиското архиерејско намесништво протоереј Марјан Радински, старешината на храмот на Св. Димитриј во Кавадарци протоереј Борислав Лазов и старешината на храмот (на Свети Никола - Геракомија) отец Диме Ѓоргески, како и свештеноѓаконот Јосиф. По Литургијата се прекрши празничниот леб, а Владиката одржа и пригодна беседа.