Во продажба е нов број на православното списание „Премин” (31.12.2005)
ЗА ПОСТОТ од Уредникот:
АСКЕЗАТА, според Преданието на Црквата, треба да е умерена и секогаш во дослух со Духовниот отец, кој познавајќи ги нашите слаби точки, умее правилно да ја одреди мерката што ни е потребна.
...Човекот поминува низ овој процес на телесно и душевно прочистување, за да моЖе да ја прими БоЖествената храна содржана во зборовите на молитвата ‘Господи Исусе Христе, помилуј ме’.
ПОСТОТ И НАУКАТА / д-р Константин Каварнос:
Во науката постот ги лекува овие болести: анемија, артритис, астма, бениген тумор на градите и на други делови, бронхитис, хроничен екцем, колитис (воспаление на цревата), дијабетис (шеќерна болест, кога не доспеала до состојба на тешки органски оштетувања), дуоденален и цревен чир, дизентерија, ендокардитис, гастритис, глауком, висок крвен притисок, инфлуенца (вирусно заболување), камен во бубрегот, жолчката и мочниот меур, мигренозна главоболка, нефритис (воспаление на бубрезите), пневмонија (воспаление на белите дробови), простатис (воспаление на простатата), прогресивна парализа (Паркинсова болест), псоријаза (габно заболување), ревматизам, синуситис (воспаление на синусите) и разни срцеви заболувања... намалување на канцерогените тумори
други благотворни последици: Го подобрува осетот за вид, слух, мирис и вкус. Во некои случаи, може на слепиот да му го поврати видот и слухот на глувиот. Ја забрзува работата на стомакот и цревата, на срцето и на другите органи. Ја зајакнува и крвта: ја чисти и го зголемува бројот на црвените крвни зрнца. Обично ги смалува малигните тумори. Ја смалува тежината кај дебелите лица побргу од кој и да е метод, а ја додава тежината кај оние што се многу слаби, откако после постот, ќе усвојуваат исхрана што содржи здрави И природни храна и пијалок.
...Научниот пост во американските институти
ПСИХИЈАТРИЈА/ Шизофренијата и постот... од 35 неизлечливи болни излекувани 34
Александар Шмеман: Посен стил на живот
...Вистински револуционер во овој свет е човекот чијшто живот е свет.
...Воздржувајќи се од храната повторно ја откриваме нејзината сладост и повторно се учиме како да ја примаме од Бога со радост и со благодарност.
...Еден светител, за да се промени светот, ќе направи многу повеќе отколку илјадници печатени програми.
МПЦ и СПЦ interview/ Митрополит Наум
РАЗГОВОРИТЕ МОРА ДА ПРОДОЛЖАТ ТАМУ КАДЕ ШТО БЕА ПРЕКИНАТИ
Дали разговорите со СПЦ ќе продолжат?
- Верувам и се надевам дека треба и дека ќе продолжат. Тоа е став и на Вселенскиот Па-тријарх Вартоломеј и на Рускиот Патријарх Алексиј II кој се понуди себеси и како по-средник, како и на другите Цркви.
…Сите епископи што мораат да одат за подготвување на Светото миро во Цариград се сведуваат на викарни епископи на Патријархот, а нивните Цркви фактички ја губат својата автокефалност.
…Светото миро, согласно Светите канони на Црквата, може да го подготвува секој епископ во својата епархија и тоа истовремено е еден инструмент со којшто епископот го контролира своето свештенство. Но не може подготовката на Светото миро да биде инструмент со кој ќе се контролираат цели помесни Цркви.
д-р Луис Пацавос: ЕДИНСТВОТО И АВТОКЕФАЛНОСТА
Според Светите канони карактерни црти на една помесна Црква со независен статус се:
1. Да има право да ги решава внатрешните работи без интервенција на која било друга црковна јурисдикција.
2. Да има право да назначува свои епископи.
За да ги оствари овие права, сепак, мора да бидат исполнети некои суштински услови:
- мора да постои доволен број епископи, за поставување (најмалку тројца според 4 канон од И Вселенски Собор), и ракополагање (двајца или тројца, според Првото апостолско правило), други епископи;
- независната црковна јурисдикција мора да се совпаѓа со независна државна или политичка единица; 21)
- независната црковна јурисдикција мора да произлезе од канонски црковен извор
Владика Методиј / Св. Наумовиот универзитет како парадигма
…Дидактичката матрица на Православното Предание не се заснова на формален трансфер на податоци, знаења кои и по пат на најсофистицирани научни програми се сведуваат на усовршување во мнемонички и моторички вештини.
…Светоста е најприродната состојба на човекот. Токму затоа уште во апостолско време, христијаните, коишто низ Светата Тајна на повторното раѓање го обновиле својот живот во Христа, себе си се нарекувале свети.
Св. Нектариј Егински/ ЗА ГРЕВОТ
‘Да се греши е човечки, но да се останува во гревот не е човечки, но тоа е од демонот’
‘Човекот греши како резултат на своето застранување во потрагата по доброто’
д-р Јане Коџабашија
По трагите на еден новооткриен ракопис:
Псалтикијата на АНДОН ШАХПАСКИ
…Иако непосредно по Првата светска војна во вардарскиот дел на Македонија, со потпаѓањето под српско владеење, беше воведено српското народно црковно пеење, во целиот период по ослободувањето, во Црквата на Пресвета Богородица во Смојмирово, преку дејноста на тројцата псалти, продолжи да се практикува црковното пеење од старата византиско-словенска традиција.
Јанко Илковски
ЖОЛТО СИВИЛО (или стихијна филантропска критика на жолтиот печат)
Владика Климент
ЛИЧНОСТА НА СВЕТИ НАУМ - ВДАХНОВЕНИЕ НА АКТУЕЛНИОТ МОНАХ ВО МАКЕДОНИЈА
Свети Наум е духовен отец и родоначалник на македонското монашко духовно наследство. Актуелниот монах во Македонија свесно и трезвеноумно се определи токму за ова наследство и за духовните вредности коишто извираат од него.
… Светото Писмо за Свети Наум не е закон што треба да се спроведе, туку љубов која проникнува.
Plaku Sofroni
Kur I shohim vuajtjet e milionrave qenie njerëzore, nuk mund të jemi te pandjeshëm. Në cilën mënyrë mund t'i ndihmojmë? Sipas vështrimit kristian të botës, kjo tragjedi në tokë është si rrjedhojë e mosbindjes. Adami e kërkoi gjendjen e Perëndisë, jetën e përjetëshme, duke e ndërprerë lidhjen e vet me Atin dhe Krijuesin . Krishti - Njeriu i parë në gjithë njerëzimin u ngjit na Golgotë; e zgjodhi vdekjen më të mundimshme, që ta fshijë këtë mallkim. Të vendosë dikush që ta ndjekë Krishtin, do të thote të eksponojë vetveten të vuajtje. Ajo është e pashmangshme! Duke supozuar se jemi një qelizë në trupin e madh të njerëzimit që nga fillimi i krijimit të botës dhe ne qofte se jeta e botes kalon tek ne, e jetojmë tragjedinë e njrëzimit sikur të jetë tragjedia jonë.
Исмаил Бардхи
КУРАНОТ, БОЖЈА РЕЧ
Религиозното значење на Куранот се огледува во однесувањето на муслиманите кон третирањето на Куранот, низ вековите и низ земјината топка. Во него тие го наоѓаат најчистиот израз на Божјата вечна Реч, која се наоѓа со Него на „заштитена плоча” (ил-лијјун - левхи махфуз), „Мајката на Книгата” (Умм ал-Китаб), или само „Книгата” (ал-Китаб). …Меморизирањето или учењето напамет на целиот Куран бил и останал знак на ученост и побожност, што со себе ја носи и почесната титула Хафиз, или оној кој „ја чува” Книгата во срцето, пракса која продолжува до ден денешен и кај нас. Секое извршување на молитва вклучува учење или рецитирање од Куранот, а неарапските муслимани, кои не знаат други арапски зборови, знаат доволно од него за рецитирање при молитвата.
МАЛИ ЖИТИЈА
за периодот од Соборот на Св. архангел Михаил до Сретение Господово
Светите маченици Гуриј, Самон и Авив, Светиот апостол и евангелист Матеј, Светата великомаченичка Екатерина, Светиот свештеномаченик Климент епископ Римски, Свети Сава Осветен, Свети Амвросиј Медиолански, Преподобен Патапиј, Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф, Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, Светите десетмина маченици на Крит, Светата маченичка Анисија, Преподобна Меланија Римјанка, Свети Василиј Велики, Света Геновева, Светиот маченик Полиевкт и др.
INBOX
GPRS или борба за власт од друг агол