Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Христос се роди! (08.01.2006)

Светлото Христово Рождество - Божик во Дебарско-кичевската епархија се прослави со Литургии отслужени во градските цркви, манастирите и парохиските цркви. Владиката Тимотеј во сослужение на свештенослужители од епархијата отслужи свечена Божикна Литургија во охридската црква на Св. Никола - Геракомија, на која на верниците им ја објави радосната вест за раѓањето на Спасителот на светот: Христос се роди!

На Божикната Литургија присуствуваа голем број верници, на кои им беше прочитано Божикното послание од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. Голем број од верниците, а меѓу нив и поголем дел на мали дечиња, пристапија кон светата Чаша - причестувајќи се со Светите Тело и Крв на Господа Исуса Христа.

Во Охрид Свети Литурии, освен во оваа црква и селските парохиски цркви, беа отслужени и во црквата на Света Богородица - Каменско, на Свети Георгиј и на Света Троица.

 

Христос се роди!