Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рождество Христово (08.01.2006)

 

 

 

Ноќта на Христовото Рождество во манастирот на Свети Јован Крстител (Бигорски) монашкото братство и многубројните притекнати верни ја прославија со празнично сеноќно бдение. Сестринството во женскиот манастир на Светиот великомаченик Георгиј во Рајчица, во текот на првата ноќ на Рождеството на Спасителот исто така празнуваше со Божикни богослужења.

 

 

 

 

 

 

 

 

             

 

„Денес во Витлеем Христос се раѓа од Дева; денес Беспочетниот, почетен станува; и Словото се воплотува; силите небесни се радуваат и земјата се весели со луѓето. Мудреците дарови на Господарот Му принесуваат, пастирите на Новородениот Му се восхитуваат; ние непрестајно извикуваме: слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја.“

 

 

            

 

 

 

 „Дојдете да ја воспееме Мајката на Спасителот,

Која по раѓањето пак остана Дева.

Радувај се оживотворен граду на Царот и Бог,

во кого Христос, откако поживеа, спасението го востанови.

Да запееме со Гаврил, да прославиме со пастирите, извикувајќи: Богородице, моли Го воплотениот од Тебе,

да се спасиме.“

„Христе, Си засветлил од Дева како разумно сонце на правдата; и ѕвездата Те покажа во пештерата, која Те смести Тебе Несместливиот, Мудреците си ги упатил на поклонение пред Тебе; со нив Те величаме: Животодавче, слава Ти!“

 

 

  

 

                                          

 

 

„Мудреците од персиските цареви, јасно Го познаа Небесниот Цар Кој се роди на земјата; водени од светлата ѕвезда, пристигнаа во Витлеем, носејќи најубави дарови: злато, ливан и смирна; и кога дојдоа Му се поклонија, зашто Го видоа вечниот Младенец, како лежи во пештерата.“