Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Ректорот на Европскиот Универзитет во посета на Архиепископот г.г. Стефан (10-01-2006)

 

Ректорот на Европскиот универзитет во Скопје, г-дин Бојо Андревски, заедно со дел од вработените во Универзитетот го посетија Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Македонската архиепископија. Тие му го честитаа големиот христијански празник Божик, но исто така го известија за одлуката да дaруваат половина милион денари за црквата на Св. Никола во Топанско Поле, Скопје, која е во изградба. Тие изразија и подготвеност да ги финансираат и останатите работи до завршување на градежните работи на црквата.