Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Собор на Пресвета Богородица (12.01.2006)

Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Дебарско-кичесвки и администратор Повардарски г. Тимотеј во сослужение на свештенослужители од двете епархии во градската црква на Пресвета Богородица во Велес отслужи Света Литургија, на која во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Мартин. На Светата Литургија Владиката со поучно слово се обрати до новоракоположениот свештеник, пожелувајќи му служба со чист и бел образ пред Престолот на славата на нашиот Господ Христос.

 

известува: о.Игор Никовски