Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Гевгелија, на празникот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (12.01.2006)

На третиот ден од Божик, во чест на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, Владиката Дебарско-кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Брегалнички г. Агатангел и со повеќе свештенослужители од двете епархии, отслужи Божествена Литургија во градскиот храм на Свети Кирил и Методиј во Гевгелија. На Светата Литургија Владиката Тимотеј, според одлука на САС на МПЦ го одликува во ставрофорски чин протоерејот Марјан Радински.

Кон собраниот верен народ од Гевгелија Владиката се обрати со поучно слово, во кое говореше за младиот архиѓакон Стефан како достоен за пример маченик кого го прославува сета православна вселена.

известува: о.Игор Никовски