Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Водокрст (21.01.2006)

 

Tрадиционално, во вторникот на 17. јануари 2005 г., спроти Водопост, во Бигорскиот манастир, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г.Тимотеј отслужи сеноќно бдение заедно со братството од манастирот. На почетокот од бдението се изврши традиционалниот обичај „врзување на крстовите“ на кумовите од околните села. По еден крст циркулира по одреден редослед по сите куќи во секое село, и на овај ден старите кумови го носат крстот во манастирот, заедно со босилек и црвено-бел конец (во должина на обиколката на домот), коишто се врзуваат заедно, па се ставаат во котел. На крајот од бдението се извршува Богојавленскиот Водосвет, се полнат котлите со Богојавленска вода и секој од кумовите си носи во своето село по едно котле со осветена вода и босилекот заедно со крстот за да го подели благословот, попрскувајќи ги сите куќи во селото со осветената вода. Вообичаено, во текот на бдението се прочитаа и Царските часови, а Вечерната беше поврзана со Василиевата Литургија.