Архиерејска Божествена Литургија (21.01.2006)
На празникот посветен на Светиот Јован Крстител и Претеча во скопската манастирска црква на Св. Јован Крстител во Капиштец беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Европски г. Горазд, Митрополитот Брегалнички г. Агатангел и епископот Велички г. Методиј. Мноштво православни врници ја исполнија црквата, кои со својата тивка молитва земаа удел во заедничката литургиска радост. После Божествената Литургија беше пресечен празничниот леб.