Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Поттик за соработка (30.01.2006)

На 23 јануари 2005 г., во просториите на НВО Толерантна младина-Рини толерант, во Дебар, со благослов на игуменот на Бигорскиот манастир на Свети Јован Крстител, архимандрит Партениј, свештеномонахот Доситеј на членовите на оваа организација им подари персонален компјутер Pentium.

 

Веќе подолго време постои меѓусебна соработка со оваа и со други организации во Дебарко коишто работат на развивањето на толеранцијата помеѓу младите од различни етнички и верски групи, а истовремено се залагаат за мирно решавње на конфликти како и за зголемувањето на степенот на демократијата.

 

Ова треба да послужи како поттик Дебраните да продолжат со помагањето на ваквите младински организации, со надеж дека од Дебар ќе стаса пораката за меѓусебно дружење и соработка помеѓу младите низ цела Македонија.