Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета (30.01.2006)

Во четвртокот, на 26 јануари 2006 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во просториите на Македонската Архиепископија ја прими делегацијата на Исламската верска заедница од Република Турција. Делегацијата ја предводеше проф. д-р Али Бардакоглу, претседател на Исламската заедница во Р. Турција, доцент д-р Мехмед Гормез, заменик претседател, а беа придружувани и Неговата Екселенција, г-дин Танер Каракаш, Амбасадор на Турција во Македонија, хаџи Бахри еф. Алиу, заменик Реис ул Улема на Исламската заедница во Република Македонија, хаџи Јакуб Селимовски и др. На средбата се разговараше за местото и улогата на верата и верските организации во современото опшество, како во Македонија, така и во Турција.