Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Панихида на гробот на Гоце Делчев (04.02.2006)

На 4 февруари 2006 г., во рамките на меѓународната манифестација “Гоцеви денови”, во црквата Свети Спас во Скопје беше одбележана 134-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев. По тој повод, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на повеќе свештенослужители од Скопската православна епархија, чиноначалствуваше со панихидата пред гробот на Делчев.