На празникот на Светиот маченик Трифун (14.02.2006)
Вчера, на празникот посветен на Свети Трифун и на Света Перпетуа, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски отслужи Божествена Литургија во манастирот на Пресвета Богородица во Матка, скопско. После Светата Литургија, во манастирсиот атар во с. Кучково Архиепископот Стефан изврши закројување на лозите, а во селската црква посветена на Свети Трифун беше прекршен празничниот леб. Меѓу присутните беше и грдоначалникот на град Скопје, господин Трифун Костовски.