Состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија (19.02.2006)
Под претседателство на Митрополитот Дебарско-кичесвки г. Тимотеј, на 18.02.2006 година во конакот на манастирот на Свети Наум Охридски Чудотворец во Охрид, состанок одржа Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија. Епархискиот управен одбор го сочинуваат: Митрополит Тимотеј, како претседател и членовите на ЕУО-Охрид: архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, г-дин Владимир Толески, г-дин Петко Кутаноски, г-дин Светислав Маџаров и свештеник Игор Никовски во својство секретар на Дебарско-кичевска епархија. На состанокот беше усвоена завршната сметка за минатата 2005 година, а се одобри и предлог буџетот за 2006 година.
Конструктивниот состанок во работна атмосфера заврши во 14.00 часот.