Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Слава на храмот во Детроит, САД (25.02.2006)

Во петокот на 24.02.2006 година, голем број верни во чест на празникот на Светиот маченик Георгиј Кратовски притекнаа во црквата којашто му е посветена на овој Светител во Farmington Hills, Detroit (САД). Беше отслужена Божествена Литургија на која сослужуваа повеќе свештенослужители од Американско-канадската епархија на Македонската Православна Црква. Поголемиот дел од присутните верни се причестија со Телото и Крвта Христови.

 

„Од раната возраст со света желба на Господа си му се предал, со сета душа Христа Единиот со Го засакал, и Него, Кој е вистинскиот Бог во Троица почитуван, пред нечестивите Турци си Го проповедал. Со венец маченички си се украсил, славни, и кон небесните жители си се придружил. Премудри Георгиј, моли Го Христа Бога да ја чува татковината твоја, и да ги спаси православните и градот, кои секогаш ги прославуваат твоите подвизи.“