Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Mултиконфесионална интерна конференција во Република Македонија (26.02.2006)

Првата мулти­конфесио­нална интерна конференција во Република Македонија за унапредување и збогатување на меѓурелигиската сора­бот­ка се одржа во Охрид, на 26 февруари 2006 година (недела) во хотелот „Сончева порта”. Таа претставува дел од активностите на Советот за меѓурелигиска соработка во Република Македонија. Организатор на Конференцијата беше Македонската Православна Црква, односно проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Претседател на Советот за меѓурелигиска соработка во РМ.

На Конференцијата учествуваа членовите на Советот, претставници од Православниот и Исламскиот факултет од Скопје, а, главно, православни парохиски свештеници и имами, како и православни христијани и муслимани од Охрид, Струга и Дебар.

Конференцијата се одржа во форма на отворена трибина и јавна дебата за меѓурелигиското разбирање и соработка во Република Македонија. Таа започне со воведно предавање од проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон, на тема: “Верувај во едниот Бог и не убивај го, туку сакај го ближниот” (поврзано со Првата и Шестата заповед од Декалогот). Потоа, ќе следеше дебата и меѓусебен разговор за конкретни примери на заедничко живеење и добро разбирање меѓу свештениците и оџите, како и меѓу верниците христијани и муслимани во Охрид, Струга и Дебар. Конференцијата заврши со заедничка вечера и создавање на лични пријателства и контакти.