Архиепископот г.г. Стефан оствари средба со г-динот Љупчо Георгиевски
и со проектантите од Институтот за земјотресна и инижинерска сеизмологија
(28.02.2006)
На ден 28 февруари 2005 година во Кабинетот на Архиепископот Орхидски и Mакедонски г.г. Стефан беше примен г-дин Љубчо Георгиевски. Во разговорот помеѓу другото најмногу простор беше посветен на животот и активностите на Македонската Православна Црква, а особено за состојбата во која се наоѓа Милениумскиот крст на Водно.
Истиот ден Архиепископот се сретна и со проектантите на Милениумскиот крст, проф. д-р Јован Стефановски - Жан и проф. д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресна и инжинерска сеизмологија.