Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Охрид, Недела на Православието (12.03.2006)

Неговата Високопреосветеност Mитрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки и Администратор Повардарски г. Тимотеј, со свештенослужители од двете епархии, отслужи Божествена Василиева Литургија во црквата на Св. Никола (Геракомија) во Охрид. На Светата Литургија во ипоѓаконски и во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот теолог од Неготино, Сарафче Иванов.

 

 

               

 

 

Кон крајот на Светата Литургија, пред причестувањето на верниците со Телото и Крвта на Господ Исус Христос, Владиката им се обрати со празнично слово, во кое говореше за историските причини за востановувањето на овој празник во Црквата Христова. На крајот молитвено му пожела на новоракоположениот ѓакон да ги следи примерите на христијанските светители и во својот живот, за да биде достоен слуга Божји и пред Престолот на Благодатта.

На Светата Литургија голем број на верници ѝ пристапија на светата Чаша.

                                                                                                                                        известува: о.Игор Никовски