Архиерејска Божествена Литургија на Прочка во соборната црква на Свети Климент во Скопје отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан (05.03.2006)
Пред почетокот на Велигденскиот пост, на Прочка, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Високопреосветениот Митрополит Европски г. Горазд и на Нивните Преосветености, Епископот Велички г. Методиј и Епископот Полјански г. Пимен, во архиепископскиот соборен храм на Свети Климент Охридски во Скопје отслужи Божествена Литургија.
Истиот ден беше одбележана и десетгодишнината од блаженото упокојување на Архиепископот Гаврил. Во соборниот храм на Св. Климент беше отслужен парастос, а веднаш потоа Архиепископот Стефан се упати во црквата на Свети Наум во Радишани, каде што отслужи трисагија на гробот на блаженоупокоениот г. Гаврил.