Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Недела на Православието: Архиерејска Божествена Литургија во соборниот храм на Свети Климент во Скопје отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан (12.03.2006)

Првата недела од Велигденскиот пост, посветена на победата над иконоборната ерес и токму затоа наречена ’Недела на Православието’, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Европски г. Горазд и на Епископот Велички г. Методиј, во архиепископскиот соборен храм на Свети Климент Охридски во Скопје отслужи Божествена Литургија.

Попладнето истиот ден, по вечерната богослужба, беше одржана духовна академија, на која настапи хорот при црквата. Беседа во чест на празникот произнесе старешината на соборниот храм на Свети Климент, протоереј-ставрофор Васил Сламков.