Шефот на Делегацијата на Европската комисија и Амбасадорот на Соединтетите Американски Држави во Р. Македонија во одделни средби вчера ги прими Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан (17.03.2006)
Вчера, на 16 март 2006 година, во Македонската Архиепископија, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во придружба на Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар, во одделни средби беа примени Неговата Екселенција, г-динот Ervan Fuere, Шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија и Нејзината Екселенција, г-ѓата Gillian Milovanovic, Амбасадор на Соединтетите Американски Држави во Република Македонија.
Во разговорите високите претставници на Европската Заедница и на Соединетите Американски Држави во нашата земја беа запознаени со најновите случувања во Македонската Православна Црква, како и со веќе познатите сознанија за странските државни инвестиции во нелегални, божем верски, структури со интенција за поттикување на верски немири и раздори во земјата.