Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рајчица, Недела на свети Григориј Палама (20.03.2006)

Во втората недела од Чесниот Пост, посветена на преподобниот Григориј Палама, на годишнината од осветувањето на параклисот посветен на овој Светител (и на Светите Јован Кукузел и Нектариј Битолски) во женскиот манастир на Свети Георгиј Победоносец во Рајчица, метох на Бигорскиот манастир, Вечерна богослужба, Утрена и Божествена Василиева Литургија отслужи надлежниот архиереј, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј. На Литургијата во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Сарафче Иванов од Неготино. За гостите коишто на овие богослужења притекнаа во женскиот манастир во Рајчица од ширум државата, на крајот беше послужена трпеза на љубовта.