Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Скопје (20.03.2006)

Втората недела од Велигденскиот пост, посветена на свети Григориј Палама, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на бројно свештенство од Скопската православна епархија отслужи Божествена Литургија во црквата на Свети Димитриј во Скопје. За време на Светата богослужба во чтец беше произведен богословот Игор Острески. Веднаш потоа се одржа духовна академија, на која забележителен беше настапот на детскиот хор, а празничната беседа ја признесе протоерејот Ристо Ристовски.