Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во работна средба ги прими претставниците на фондацијата ’Милениумски крст’ од Скопје (23.03.2006)
21 март 2006 година. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан ги прими членовите на Иницијативниот одбор на фондацијата ’Милениумски Крст’. Иницијативниот одбор на Фондацијата го сочинуваат: г-дин Благоја Дојчиновски - претседател на Фондацијата, проф. д-р Санде Атанасовски - Градежен факултет, дипл. инж. Ѓорѓи Димитровски, дипл. електро-инж. Златко Гиров - ЕСМ, д-р Јован Стефановски-Жан - главен архитект на град Скопје, дипл. архитект Ивана Стефановска, проф. д-р Владо Мицов - Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на Р. Македонија, проф. д-р Коста Балабанов и проф. д-р Михаил Гаревски (ИЗИИС на Р. Македонија), проф. д-р Данило Ристиќ и проф. д-р Тихомир Николовски - ИЗИ Скопје, и проф. д-р Тодор Аџиев - Машински факултет.
На средбата беше констатирана состојбата на Милениумскиот крст на Водно и беше избрана комисија која во вторник, на 28 март 2006 година, ќе ја сними и утврди состојбата на ова колосално обележје на градот Скопје и на Република Македонија од поново време.