Vesti i nastani
 
 
 
 
 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА (30.03.2006)

Поаѓајќи од колосалното и историско значење на ’Милениумскиот крст’, кој сведочи од каде е започната христијанизацијата на Европа и кој претставува единствен ваков објект од поново време во Република Македонија и во градот Скопје, денес на 28 март 2006 година, Комисија составена од Архи­епископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од претседателот на Фондацијата за изградба на ’Милинеумскиот крст’, од проек­танти, изведувачи, надзорни органи, професори при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на Р. Македонија и при Градежниот и Машинскиот факултет во Скопје, како и експерти за бетон, метал, електрични инсталации и други стручни лица го посетија објектот на врвот на Водно и извршија увид во состојбата.

 

Комисијата констатира дека објектот не е завршен и дека ини­цијативата на г. г. Стефан и на Фондацијата за посета и преглед на ’Милениумскиот крст’ е правовремена. Од основните позиции што имаат директно влијание врз стабилноста на самиот објект се наве­дуваат:

- неизведена хидроизолација на бетонските површини
- неизведено завршно притегање на завртките на секундарната метална  

  конструкција

- неизведена завршна заштита на челичната конструкција од корозија

- неизведена комплетна завршна заштита на бетонските површини

- неизведена завршна заштита на каблите, кои се под напон и се сериозна опасност   

  за посетителите на објектот

- несоздадени безбедносни и инфраструктурни услови.

 

Доколку сите овие недостатоци не се отстранат и објектот не биде довршен, истите можат да доведат до сериозно нарушување на стабилноста и на сигурноста на објектот како целина.

Бидејки објектот не е завршен и не е во функција, Комисијата препорачува да не се дозволи движење на посетители по платформите и по скалите.

 

од Канцеларијата

на Скопската Епархија