Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (04.04.2006)

                                   

               

   Македонска Православна Црква

             Струмичка Епархија

                   04.04.2006 г.

 

  

Во врска со последните случувања во беровското архиерејско намесништво на Струмичката Православна Епархија сакаме официјално да Ве известиме дека:

Не е главен проблем во беровското намесништво прашањето дали некој краде или не. Такви сознанија ќе имаме и таков заклучок ќе можеме да донесеме само после спроведена постапка во која тоа ќе се утврди.

Она што е главен проблем и она што со сигурност се знае и е утврдено од страна на Комисијата на Струмичката Епархија која неколку пати правела ревизија во беровското намесништво е неправилното материјално финансиско работење, односно неводењето на валидна документација или пак водење на т. н. паралелно книговодство.

Но поголемо зло и грев од погоре наведените проблеми е постојаниот отпор кој се пружа против востановувањето на редот во делот на материјалното финансиско работење како и во делот на дисциплината, која во секој поглед треба да постои во Црквата, работи кои надлежниот митрополит се обидува со многу трпение, разговори, и договори да ги воспостави.

Тоа поголемо зло кулминира деновиве, кога веќе разрешениот намесник одби да ја прифати одлуката за неговото разрешување од намесничкото место, и кога со тоа непослушание се обидува да ги зарази и некои од останатите свештеници.

Поставувањето и разрешувањето на свештениците на функција архиерејски намесник или старешина на црква, како и нивното поставување и разместување во одредени градски или селски парохии, според Уставот на Македонската Православна Црква е во исклучива надлежност на надлежниот епархиски архиереј.

 

 

Од Канцеларијата

на Струмичкиот Митрополит

г. Наум