Недела на свети Јован Лествичник (06.04.2006)
Четвртата недела од светата Четириесетница, којашто светата Црква му ја посветила на споменот на свети Јован Лествичник, надлежниот архиереј на Дебарско-кичевската епархија ја отпразнува во велелепната црква на светиот великомаченик Георгиј во Струга.
На Литургијата, Владиката Тимотеј кон насобраните верници се обрати со празнично слово во кое ја потенцираше важноста на постот во духовниот пат на секој верник, со оглед дека посните денови се времето кога секој верник треба со засилено покајание и со скрушеност во срцето да пристапува кон Светите Тајни, за да може да се принесе себеси како одговор на поимањето на Тајната над сите тајни – Воскресението на Господ наш Исус Христос.
Како што е вообичаено за време на Великиот Пост, на светата Литургија кон светата Чаша пристапија поголем број верници.
известува о. Игор Никовски