Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Христово Воскресение во Струга (25.04.2006)

 

Во соборната црква на Светиот великомаченик Георгиј во Струга Архиерејска Божествена Литургија на вториот ден од светото Христово Воскресение отслужи Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј со бројни свештенослужители од Охрид и од Струга во присуство на мноштво христијани. Во својата празнична беседа на Литургијата, Владиката Тимотеј ја огласи севкупната заедничка надеж на Христовото ветување со Неговото славно и спасително Воскресение. Многумина верни, меѓу кои и голем број деца, се причестија со светите Христови Тајни на Божествената Литургија и примија балгослов од својот Владика. Христос воскресе!