Источен петок (27.04.2006)
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар во новооснованиот манастир на Свети Прохор Пчински во Donnybrook близу Melbourne беше отслужена Вечерна богуслужба на празникот посветен на животворниот извор на Мајката Божја. Присутните верници во литија тргнаа кон блискиот извор каде што ќе се гради параклис посветен на денешниот празник. Во богослужбата и литијата зедоа учество сите свештеници на Мелбурнското архиерејско намесништво заедно со игуменот на манастирот о. Гаврил и многубројниот верен народ на Македонската Православна Црква.
Манастирот го посети и потпретседателот на спикерот на австралиската Влада г-динот Harry Jenkins кој пројави особен интерес да помогне во неговата изградба.