Источен петок - Балаклија (02.05.2006)
Вечерта на празникот на животворниот извор на Мајката Божја (Источен Петок), Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки и администратор Повардарски г. Тимотеј во сослужение на свештенослужители од Повардарската епархија отслужи Вечерна богослужба во манастирот на Светиот великомаченик Димитриј во Велес.
Утрото во петок, Владиката отслужи Божествена Литургија во истоименитиот манастир во Велес. На Божествената Литургија во чин протоереј го произведе свештеникот Борис Симоновски од Велес. На крајот од Литургијата Владиката и свештенослужителите излегоа во манастирскиот двор кадешто извршија Водосвет и ги благословија и прекршија празничните лебови.
известува: о. Игор Никовски