Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Делегација на Македонската Православна Црква во посета на САД (03.05.2006)

На 3 мај 2006 година, во посета на Соединетите Американски Држави и Канада замина делегацијата на Македонската Православна Црква, предводена од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, како и на новоназначениот администратор на Американско-канадската македонска православна епархија г. Методиј и проф. м-р протоѓакон Димитар Белчовски. Заедно со делегацијата патува и Претседателот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, г-дин Цане Мојаноски.

Поводот за посетата е редовната канонска визитација на Американско-канадската Македонска православна епархија, како и Епархиското Собрание, кое ќе се одржи на 12 мај 2006 год. во црквата на Света Недела во Ajax, Канада, а на 14 мај 2006 година ќе биде осветен новоизградениот храм посветен на Свети Илија во Mississauga во Канада.

Во текот на канонската визитација ќе бидат посетени и повеќето македонски православни цркви во САД (New York, Totowa-New Jersey, Syracuse, Rochester, Buffalo, Columbus) и Канада (Toronto, Ajax, Markham).