Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Прва пастирска посета во Република Хрватска на Епископот г. Пимен, администратор на Европската епархија (11.05.2006)

Првата протоколарна средба во Загреб, Епископот г. Пимен, администратор на Европската епархија на Македонската Православна Црква, ја оствари со министерот за култура, г-динот Божидар Бишкупиќ и со неколку негови советници. Потоа, следеше средба со помошниот бискуп на Католичката црква д-р Владимир Кошиќ. Неговата Екселенција, амбасадорот на Република Македонија при Република Хрватска, г-дин Махи Несими, исто така го прими Епископот г. Пимен. Епископот го придружуваа ѓаконот Горан Стојчевски од Скопје, парохискиот свештеник о. Кирко Велински и неколку членови на црковниот одбор на Македонската Православна Црковна Општина на света Злата Мегленска, Загреб. Во текот на оваа посета на Р. Хрватска, Епископот Пимен ќе оствари средба и со членовите на МПЦО на свети Наум Охридски од Сплит, МПЦО на свети Јоаким Осоговски од Пула и од Риека, каде што постои желба за формирање на уште една црковна општина. Во недела, на 14. 05. 2006 година, во Загреб,  Епископот Пимен ќе отслужи Архиерејска Божествена Литургија.

 

известува: Стојанка Тежак