Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Средба на претставник на Австралиско-новозеландската епрхија на МПЦ со австралискиот министер за надворешни работи (11.05.2006)

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор за Австралија и Нов Зеланд г.Петар, протоерејот Душко Спиркоски од Мелбурн, како претставник на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд, во Парламентот на Австралија во Камбера оствари средба со министерот за надворешни работи на Австралија, г-дин Alexandar Downer и со федералниот благајник на Австралија, г-дин Peter Costello. На состанокот беа присутни и председателот на Австралиско-македонската стопанска комора, г-дин Пеце Ристески со г-дин Благојче Макаловски, г-дин Јустин Наумовски и г-дин Георги Петрески.