Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свето Крштение во црквата на Светите Петар и Павле во Crown Point, Indiana (11.05.2006)

На 10 Мај 2006 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, изврши Свето Крштение во најстарата црква на Американскиот Континент посветена на Светите Петар и Павле во  Crown Point, Indiana. Кон стадото Христово беше приведено чедото Божјо Anthony. На чинот на Светото Крштенение, служеше и о.Томе Стаматов. Делегацијата на Македонската Православна Црква која е во посета на Соединетите Американски Држави и Канада, ја продолжува својата посета според утврдениот план. После посетата на Detroit (САД), делегацијата ќе се упати во Канада.