Загреб (15.05.2006)
Вчера, Епископот г. Пимен, администратор на Европската епархија на Македонската Православна Црква во сослужение со парохискиот свештеник о. Кирко Велински и ѓаконот Горан Стојчевски, отслужи Архиерејска Божествена Литургија во Загреб. Верниот народ со радост и љубов го пречека својот Епископ. На Литургијата верните се причестија со Светите Христови Тајни.
известува: Стојанка Тежак