Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црква во Канада (15.05.2006)

 

 

Вчера, на празникот на светиот пророк Eремија и на преподобен Акакиј Серски, во градот Мисисага, предградие на Торонто, беше осветена макеоднската православна црква посветена на светиот пророк Илија. Во присуство на повеќе илјади верни од градот Мисисага, Торонто и околината, храмот го освети Поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архипископот Охридски и Македонски г.г. Стефан  во сослужение на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил и Епископот г. Методиј, администратор на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија. На осветувањето и на Светата Литургија сослужуваа и многубројни свештеници од Американско-Канадската Македонска Православна Епархија. На овој свечен чин присуствуваа и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Цане Мојаноски, генералниот конзул на Република Макеоднија во Торонто, г-дин Слободан Трајковски и министер советникот при Амбасадата на Република Македонија во Отава г-дин Ѕвонко Муцунски.