Епископот г. Пимен оствари средба со градоначалникот на градот Загреб (16.05.2006)
Епископот г. Пимен, администратор на Европската епархија на Македонската Православна Црква, вчера, на 15.05.2006 год., оствари работна средба со градоначалникот на градот Загреб, г-дин Милан Бандиќ, на која беше разгледана можноста за добивање локација за изградба на македонска православна црква во Загреб. На оваа средба Епископот г. Пимен беше во придружба со парохискиот свештеник о. Кирко Велински, ѓаконот Горан Стојчевски и неколку членови од Македонската Православна Црковна Општина на св. Злата Мегленска во Загреб.
од посетата на Епископот г. Пимен на градовите Загреб, Сплит, Пула и Риека
известува: Стојанка Тежак